Северна Кореја повторно почна да испраќа балони со ѓубре кон Јужна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската армија, како одговор на најавата на Сеул дека повторно ќе почне да шири пропаганда преку звучниците на границата со Северот.
„Северот испрати нов контингент балони со ѓубре“, соопшти денеска Здружениот генералштаб на армијата на Јужна Кореја, додавајќи дека балоните летаат кон северниот дел на провинцијата Ѓеонгџи, која се наоѓа околу главниот град Сеул.
Се повикуваат граѓаните кога ќе ги видат балони да пријават во полиција и да избегнуваат директен контакт со нив.
Пјонгјанг испрати повеќе од 2.000 балони за ѓубре преку заедничката граница од мај, како одмазда за пропагандните балони испратени од јужнокорејски активисти.
Последната серија балони беше испратена три дена откако Сеул објави дека ќе продолжи да емитува пропаганда против севернокорејскиот режим преку звучникот.Јужна Кореја стравува дека поплавата може да донесе мини од Северна а
Јужнокорејската армија денеска, веднаш по објавата дека Северот повторно испратил балони со ѓубре, соопшти дека ќе го засили ширењето на пропагандата преку звучниците во правец на Север.
„Од 13:00 часот нашите вооружени сили ќе започнат екстензивно емитување долж границите, како што најавивме дека ќе направиме неколку пати“, соопшти денеска Здружениот генералштаб на армијата на Јужна Кореја.
Повеќе од сто летови и околу 10.000 патници веќе се погодени од балоните испратени од Северна Кореја досега, изјави во средата јужнокорејски пратеник.
По таа „балонска војна“, Сеул целосно го раскина воениот договор кој имаше за цел да ги намали тензиите меѓу двете земји и во јуни предупреди дека ќе продолжи со ширење пропаганда преку звучниците долж заедничката граница.
Изолираната Северна Кореја се обидува да му забрани на своето население каков било пристап до популарната јужнокорејска култура, како што се К-поп музиката или К-драма сериите.
Во 2022 година во Пјонгјанг беше погубен Севернокореец бидејќи со себе имал културни содржини од Јужна Кореја, пишува Франс прес.
Звучната пропаганда, тактика од Корејската војна од 1950 до 1953 година, го налути Пјонгјанг, кој се заканува дека ќе пука со артилерија врз звучните системи на Јужна Кореја.
Сеул неодамна продолжи со вежби со боева муниција во близина на границата со Северот.