Северна Кина покриена со песок и прашина, големо загадување на воздухот во Пекинг

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: A woman poses for pictures near the Forbidden City, as the city is shrouded in smog amid a sandstorm, in Beijing, China March 10, 2023. REUTERS/Tingshu Wang/File Photo

Многу делови од северна Кина денеска се покриени со песок и прашина, а се очекува песочната бура да зафати и делови од Внатрешна Монголија.

Песочно, прашливо време и силен ветер ќе трае до недела, соопшти Националниот метеоролошки центар, наведувајќи дека граѓаните треба да преземат превентивни мерки за да се заштитат од лошиот квалитет на воздухот.
Синото предупредување за песочни бури, најниско на скала од четири во системот за предупредување за временска прогноза, е обновено, а повеќе од десет региони, вклучувајќи ги и големите градови како Пекинг и Шангај, се прогнозира дека денеска ќе бидат погодени од песок и прашина.

Главниот метеоролог на центарот Гуи Хајлин изјави претходно дека во неделата во јужна Монголија започна песочно и правливо време. Како што студениот воздух се движеше кон југ, тие временски услови се проширија во различни области, вклучително и северна и североисточна Кина, рече тој.

Во Пекинг, поради загадувањето, зградите едвај се видливи, а видливоста на сообраќајот е слаба.

Веб-страницата Iqair.com го стави индексот на квалитетот на воздухот на 540 за главниот град и нивото на загаденост на воздухот го означи како „опасно“.

Општинскиот центар за мониторинг на животната средина во Пекинг издаде предупредување за највисоко загадување на воздухот.

Share This Article