Хрватската пејачка Северина Вучковиќ (50) уживала на концертот на српската пејачка Ана Николиќ во загрепски „Минт“, каде била уловена во друштво на непознат маж. Сега се проширија гласини дека се работи за архитектот од Белград, Миро Месиховиќ.
Се уште не се знае каква е нивната врска, но на фотографиите кои ги направи српски „Курир“ изгледале многу блиски.
Северина во клубот се појавила со менаџерот Томислав Петровиќ, пријателот Давор Гргин и продуцентот Филип Милетиќ.
Најмногу внимание привлекол мистериозниот маж, со кој, како што пишува „Курир“, цела вечер се вљубено се гледала и прегрнувала, а во текот на вечерта неколкупати му шепнала нешто на уво.
Таа била снимена како игра и се прегрнува со непознатото момче за кои многумина помислиле дека и е партнер.
Мажот ги забележал фотографите и веднаш се тргнал зад неа и не сакал да и се приближи.
Во меѓувреме, се огласи и самиот Миро и за „Јутарњи.хр“ негираше дека е во врска со Северина.