Хрватската пејачка Северина Вучковиќ позирала со продуцентот Филип Милетиќ и менаџерот Томица Петровиќ, а со нив во студио седел и Горан Бреговиќ.
„Три мускетари“, напиша Северина во описот на фотографијата и јавноста коментира дека Бреговиќ ќе биде еден од авторите на нејзиниот нов албум, кој обожавателите со нетрпение го очекуваат.
По тој повод, многумина се сетија на албумот на Северина „Здраво Маријо“, кој таа го работеше со Бреговиќ во 2008 година.
Северина на промоцијата се појави како невеста без младоженец, а во улогата на кум беше самиот Бреговиќ.
ФОТО: Инстаграм