More

    “ Северина по концертот во болки стенка со нозете бутнати во леѓен со лед

    spot_img

    Хрватската пејачка Северина Вучковиќ има динамични настапи на кои не се штеди физички. Таа танцува, се движи и скока, а и постојано има интеракција со публиката, нешто што може да биде напорно за нејзиното тело. Затоа нејзиниот концерт во Макарска оставил последици.

    Северина објави видео во „Story“ на Инстаграм, во кое покажа колку ја болат нозете по концертот.

    На снимката се гледа како по настапот ги лади нозете во леѓен со лед, а нејзините соработници се обиделе да ѝ ги ублажат тегобите  пеејќи ѝ ја „Када Надалина ноге…“ за да ја насмеат, додека таа се фаќала за глава и стенкала од болка.

    – Исусе Боже, луѓе мои – извикала таа по неколку секунди во леѓенот со лед.

    Северина неодамна покажа како изгледа пред и по концертот. Таа позираше пред огледало пред да излезе на сцената, а потоа и по концертот – со мокра коса и грб.

    „Пред и потоа“, се пошегува таа, а нејзините следбеници напишаа: „Олимпијците не ти се ни до колена“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img