СЕВЕРИНА ГИ ПРЕЧЕКА МАКЕДОНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ ВО РИЈЕК

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Фудбалската репрезентација на Македонија отпатува во Хрватска, каде што в понеделник во Ријека ќе се судри со селекцијата на оваа земја.

Овој пријателски меч ќе биде еден од двата во јунскиот репрезентативен циклус.

Македонските фудбалери пристигнаа во Ријека и таму имаа срдечен дочек од музичка ѕвезда. Стануваше збор за екстра популарната Северина Вучковиќ, која си доби и посебен подарок.

За хрватската ѕвезда ФФМ изработи дресови со нејзиното име, а ѝ беа врачени од страна на Александар Трајковски и Столе Димитриевски.

За време на викендот Благоја Милевски ќе ги свика фудбалерите на тренинзи пред натпреварот против една од најуспешните селекции во изминатата декада.

Средбата против Хрватска се игра в понеделник во 19:00 часот, додека потоа нашите фудбалери патуваат во Чешка за тестот против оваа селекција.

Share This Article