More

    Сестрата Ауроа Пељај која е осомничена дека ја малтретираше 70-годишната Минире Нура во дом за стари лица на Пеќ во Косово можеби избегала во Германија

    spot_img

    Сестрата Ауроа Пељај која е осомничена дека ја малтретираше 70-годишната Минире Нура во дом за стари лица на Пеќ во Косово можеби избегала во Германија. Ова за Еуроњуз Албанија го изјави адвокатот на семејството на постарата жена, пренесоа косовските медиуми.

    – Според информациите што ги имам, Аурона Пељај можеби побегнала во Германија. Така се зборува последните денови. Обвинителството сè уште не ги завршило своите истраги. Обвинителството сè уште нема поднесено обвинителен акт до судот и судот се уште немал можност да ја повика Пељај. Таа мора да се појави со поканата, а доколку не се појави се преземаат мерки за распишување потерница – изјави тој за Еуроњуз Албанија.

     

     

    Адвокатот Селимај, пак, во изјава за ТАЈМ вели дека за Пељај нема безбедносна мерка притвор и дека „со одлука на Врховниот суд на Косово таа е ослободена од притвор и има целосна слобода да се движи каде што сака“.

    Врховниот суд на Косово одлучи да им го укине притворот на трите медицински сестри кои беа уапсени во врска со физичкиот напад врз постарата жена на почетокот на ноември минатата година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img