Дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос стави крај на репрезентативната кариера.
Рамос на својот официјален профил напиша емотивна објава во која изјави дека утрово селекторот на Шпанија му рекол дека не смета на него и дека не е во плановите на Фурија за следниот период.
„Поради сето ова претпоставувам дека со оваа тага сакам да ја споделам со вас, но и со крената глава и многу благодарна за сите овие години и за сета ваша поддршка. Носам со себе неизбришливи спомени, сите титули за кои се боревме и славевме заедно и неизмерната гордост што сум шпански репрезентативец со најмногу настапи. Овој штит, овој дрес и навивачите, сите вие, ме израдуваа. Ќе продолжам да ја бодрам мојата земја од дома со емоциите на привилегирана личност која гордо ја претставувала 180 пати. Ви благодарам од се срце на сите вас кои отсекогаш верувавте во мене“.
Овој 36-годишен дефанзивец забележа 180 настапи за Шпанија, а освои две европски првенства и едно Светско првенство.
Рамос е во Париз од 2021 година, а во француската престолнина пристигна од Реал Мадрид.