Семејството на убиецот од Цетиње сокриено поради страв од крвна одмазда

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Семејството на Вук Бориловиќ, кој во петокот уби десетмина свои соседи во Цетиње и рани уште 12, е засолнето од полицијата на безбедна, непозната локација за да се намали ризикот од евентуална крвна одмазда, информира црногорската полиција, пренесува подгорички „Вијести“.

– Семејството на Бориловиќ не може да биде одговорно за извршеното злосторство. Очекувам ова да го разберат сите граѓани на Цетиње и семејствата на загинатите. Сите ја разбираме нивната тага и болка, но мораме да бидеме разумни и свесни дека тие не се одговорни за злосторството. Семејството е на безбедно и надлежните власти немаат информации што би укажувале дека ќе има крвна одмазда – изјави Срѓан Кораќ Кораќ, началник на полициското одделение за сузбивање крвни деликти

Тој информриаше дека Ненад Калуѓеровиќ, мажот што го застрелал убиецот, бил сослушан како сведок на злосторството, а не поради обвинение. Тој на полицијата ѝ го предал пиштолот од кој пукал во Бориловиќ,. При обдукцијата било утврдено дека Бориловиќ имал пет прострелни рани.

Во Цетиње вчера, во траорна атмосфера, беа погребени десетте жртви на крвавиот поход на Бориловиќ. Најмладата жртва, дете на 8 години, e погребанo заедно со 11-годишното братче и нивната 35-годишна мајка Наташа Мартиновиќ. Другарите за простување им донеле фудбалска топка. На гробиштата Бајице не било дозволено заедно со жртвите да биде закопан и нивниот убиец.

На други гробишта биле погребани уште три члена на истоto семејство – 56-годишниот сосед Рајко Дрецун и неговите родители Даница и Димитрие. На градските гробишта заедно биле погребани и сестрите Александра и Мила Радуновиќ.

Share This Article