Семејството Ѓоковиќ е побогато за уште еден член, а најдобриот тенисер на светот Новак стана чичко. Неговиот брат Ѓорѓе доби син.
Сопругата на Ѓорѓе Ѓоковиќ, поранешната водителка Сашка Веселинов, роди момче, на кое му го дадоа името Александар.
Ѓорѓе и Сашка се венчаа во средината на септември минатата година и направија луксузна прослава на две локации во Белград и во Црна Гора на плажа.
„Ѓорѓе ме прави среќна на секој можен начин и ништо не му е тешко да направи за мене. Навистина ми е целосно посветен и благодарна сум што имам таков партнер“, изјави порано Сашка за „Ало.рс“.