Семејство со две мали деца било заглавено во снегот на патот пред Хотел Радика, во близина на село Леуново

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Семејство со две мали деца било заглавено во снегот на патот пред Хотел Радика, во близина на село Леуново. Спасувачките екипи веднаш реагирале по пријавата за инцидентот, кој бил пријавен на 112 во 11:43 часот. Состојбата на патот била отежната поради обилните снежни врнежи и големата висина на снежната покривка, која на теренот изнесувала околу 80 сантиметри.

Истата област била веќе подготвена за интервенција по друг пријавен инцидент во 10:21 часот, кога ТППЕ Гостивар добила пријава за заглавени лица во снегот кај село Леуново.

„Од страна на Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патни правци добивме информација дека на патот кај Мавровско Езеро има паднати дрвја, што дополнително го отежнува расчистувањето. Сепак, екипите се на терен и активно работат на ослободување на патот. Се препорачува заштита и внимателност при движењето на овие подрачја“, велат од ЦУК.

Според информациите, семејството е на безбедно, моментално се наоѓа пред хотелот Радика додека чекаат да се исчисти патот за да може да го напуштат местото.

Share This Article