Италијанскиот селектор Роберто Манчини повикува на внимателност во пресрет на првиот натпревар од баражот за Светско првенство во Катар, во кој италијанската репрезентација вечерва ќе ги одмери силите со Македонија.
– Немавме многу време за да се подготвиме, а Македонија е одлична репрезентација со искусни фудбалери. На крајот на краиштата, тие ја победија Германија во квалификациите. Во баражот нема фаворити. Секоја репрезентација сака да оди во Катар – рече Манчини.
Тој додаде дека веќе донел одлука кој италијански фудбалер ќе шутира пенал доколку вечерва биде досуден во корист на Италија.
– Жоржињо ќе шутира пенал, донесов одлука – истакна италијанскиот селектор.