Неискористени шанси на Спировски, Барди, Миовски, Елмас… и две грешки и две казни со кои Македонија го загуби мечот, а своите импресии по мечот ги искажа селекторот Благоја Милевски.
– Да им честитам на Грузија за првото место и пласманот во баражот. Можам да бидам горд на момците како одиграа, но го загубивме на ист начин, на наши грешки. Мислам дека заслуживме многу повеќе вечерва, за разлика од Скопје кога бевме добри само едно полувреме. Денеска 90 минути бевме доминантни. Околу судењето нема да коментирам, но сликата околу контактот говори сѐ – рече Милевски.
Тој се осврна на индивидуалните грешки, и рече дека секој треба индивидуално да работи на психолошка подготовка пред да дојде на собир на националниот тим.
– Физичката подготовка на индивидуалците, мислам дека често ќе се случува. Грешките се составен дел од фудбалот и спортот, но треба секој индивидуално да работи на психолошката подготовка пред да дојде на собир и во клубовите. Што се однесува до играта, сметам дека мораме да бидеме сконцентрирани и во самата завршница многу поконкрентни – изјави селекторот.
Со свое мислење за натпреварот излезе и селекторот на Грузија, легендарниот Французин, Вили Сањол.
– Сакам да им честитам на играчите на федерацијата на овој успех, ова е голем чекор напред со обезбедување на баражот. Имавме план да им ја оставиме топката во посед на Македонија. Сакавме да се адаптираме на новата формација на Македонија. Тие беа многу агресивни денеска. После првиот гол нашите играчи се чувствуваа многу полесно. Реков дека Македонија е добра селекција со добри играчи и играат добар фудбал. Имаше мигови кога беа подобри, но тимот никогаш не губи стабилност во одбрана, никогаш не се распаѓа така лесно, и тоа значи дека учат од меч во меч. Јас сум среќен од победата, иако од првите минути не сум многу, но на крајот сум задоволен од овој триумф. Многу ни е важен следниот меч, добро ќе биде да влеземе во баражот со повеќе бодови. Но, прво да се вратиме после денешниот меч, и ќе видиме со кои играчи ќе играме на следниот натпревар – изјави Сањол.
фото: ФФМ