Истражувањата покажаа дека некои женски лебарки развиле аверзија кон гликозата што мажјаците ја користат во мамката. Но, некои мажи се адаптирале и развиле нова стратегија за да ги намамат женките.
Машките лебарки вообичаено лачат неколку капки слатка течност на грбот за да ги наведат женките да се парат со нив. Кога женката ќе го качи и ќе почне да се гостува со „свадбениот подарок“, мажјакот ја вметнува својата генитална кука во неа, и ја „заклучува“ 90 минути колку што трае парењето, пишува Newscientist.
Меѓутоа, женките кои повеќе не сакаат гликоза ги отфрлаат овие дарови од мажјаците, па некои од нив сега почнале да лачат нова формула и на тој начин уште поуспешно ги наоѓаат женките. Овие нивни нови секрети се составени претежно од малтотриоза, сложен шеќер кој се распаѓа на гликоза по околу 5 минути во плунката. Кога жените ќе го сфатат ова, веќе е доцна. Мажјаците веќе ги „заклучиле“ и почнале сексуалните односи.
„Неверојатно е што само една промена во сетилото за вкус може да поттикне тактики за потрага по храна, сексуално однесување, а со тоа и еволуција“, вели Ајако Вада-Кацумата од Државниот универзитет во Северна Каролина во Рали.
За да ги ставиме работите во контекст, научниците пред триесет години открија дека лебарките во Флорида развиле верзија базирана на гликоза.
Вада-Кацумата и тим научници набљудувале 251 пар германски лебарки (Blattella germanica) во лабораторија. Меѓу лебарките имало и некои од популацијата во Флорида која развила аверзија кон гликозата.
Истражувачите откриле дека женките кои сакаат гликоза брзо престанале да се хранат со „слатките подароци“ на мажјаците и не се парат со нив. Но, затоа се хранеле со секретите на оние мажјаци кои развиле нов тип на мамка. Тимот исто така открил дека овие мажјаци се „заклучиле“ на женката во рок од 2,2 секунди откако таа почнала да се храни, наспроти 3,3 до 3,9 секунди што вообичаено се потребни. Како што беше објаснето претходно, откако женките пробале гликоза, веќе поминале 5 минути и почнало парењето.
„Овие наоди даваат јасен случај за врската помеѓу природната и сексуалната селекција, што често е исклучително тешко да се покаже во биологијата“, вели Вада-Катсумата.