More

    Секс скандал во МНР – Амбасадорот во Токио добил 5 дена да се врати дома

    spot_img

    Во еден од најголемите скандали во македонската дипломатија со години амбасадорот Горан Цеков со указ е повлечен од амбасадата на Македонија во Токио, Јапонија, брифираат извори во Министерството за надворешни работи за expres.mk.

    Амбасадорот прво бил оценет како виновен за вршење на сексуално вознемирување, а потоа од страна на министерот Бујар Османи и претседателот Пендаровски биле донесени одлуки за негово итно враќање во земјава.

    На Горан Цеков, после завршувањето на дисциплинската постапка во МНР, дадени му се 5 дена да отпатува од Токио за да го одјави службениот стан и да си организира транспорт на покуќнината до Скопје.

    Скандалот се случи откако бил пријавен од две жени кои соработувале со него во амбасадата во Токио.

    Случајот прв го објави expres.mk на први јуни а потоа претседателот на комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски објави детали за скандалот со поплаки за мобинг и сексуално вознемирување, поднесени од една македонска дипломатка, и од јапонска државјанка која повремено работела на културни проекти во македонската амбасада.

    Амбасадорот во дипломатските кругови важи за близок на шефот на државата Стево Пендаровски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img