More

    Секој радиолог ќе може да ги прочита снимките направени во „Идадија“

    spot_img

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Арбен Таравари, присуствуваа на промоција на новиот апарат за магнетна резонанца во поликлиниката „Идадија“. Тие изразија задоволство за апаратот кој е врвен, тврди Таравари, бидејќи користи нејонизирачко зрачење за дијагностика и е подобар од другите методи во радиодијагнистиката.

    – Со новиот апарат ќе се намали редот за снимање… Да не претерувам, но најверојатно Македонија е земја во која најмалку се чека за магнетна резонанца – изјави Таравари.

    Министерот за здравство рече дека владата ќе продолжи со инвестиции за нова апаратура.

    Таравари говореше и за системот во здравствениот дом со кој се воведува централизација на читање на резултатите.

    – Идејата е до крајот на годината да почнеме со централизација. Со овој систем радиолозите ќе можат од секаде да го прочитаат резултатот, а ова ќе го поврземе со „Мој термин“ – изјави министерот за здравство.

    Премиерот Мицкоски изрази задоволство за испораката на клиниката во првите 100 дена од Владата, земајќи ја предвид катастрофалната ситуција во која била.

    – Само долгот во здравствениот сектор беше повеќе од 5 милијарди денари, ќе се намали за 2 милијарди денари, а во следната фискална година се очекува да стигне до нула – нагласи шефот на Владата.

    Тој додаде дека веќе нема да има дуализам во здравството, а законот за здравствена заштита ќе наложи јасна одговорност во здравствените установи и во клиниките.

    Премиерот ги потенцираше и придобивките од проширувањето на позитивната листа на лекови, како и акцијата за вработување специјализанти во здравствениот сектор.

    – Ќе ве потсетам и на акцијата за вработување 600 специјализанти, 300 оваа година, а 300 следната година, за оние што ќе покажат интерес – додаде Мицкоски, објаснувајќи ги успесите во првите 100 дена од формирањето на Владата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img