More

    Секој петти човек ќе заболи, а секој деветти маж и секоја петнаесетта жена ќе умрат од оваа болест

    spot_img

    Приближно секој петти човек ќе заболи од рак во текот на својот живот, а секој деветти маж и секоја петнаесетта жена ќе умрат од оваа болест, се вели во соопштението на Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC). Но, ризикот од рак варира во зависност од тоа каде живее пациентот, пишува IARC во својот полугодишен извештај заснован на податоци од 185 земји и 36 видови на рак.

    На пример, во најразвиените земји секоја дванаесетта жена заболува од рак на дојка во текот на животот, но само една од 71 жена умира од него. Во земјите кои се пониски по индексот на човечки развој, една од 27 жени заболуваат од рак на дојка – делумно поради тоа што населението е помладо, но и како резултат на помала изложеност на фактори на ризик, како што е прекумерната тежина – но една од 48 жени умираат од него.

    „Жените во овие земји „имаат помала веројатност да бидат дијагностицирани…и се изложени на многу поголем ризик да умрат од оваа болест поради доцна дијагноза и несоодветен пристап до квалитетен третман“, вели Изабел Соерјоматарам, заменик-водител на огранокот за надзор на рак на IARC.

    Исто така, се вели дека различните видови на рак сега сѐ повеќе влијаат на населението, бидејќи се менува начинот на живот.

    На пример, ракот на дебелото црево сега е трет најчест рак и втора водечка причина за смрт. Колоректалниот карцином е особено поврзан со возраста, како и со факторите на начинот на живот како што се дебелината, како и со пушењето и употребата на алкохол.

    Меѓутоа, ракот на белите дробови, исто така, повторно се појавил како најчест рак и водечка причина за смрт, со 2,5 милиони нови случаи и 1,8 милиони смртни случаи годишно. Според IARC, ова најверојатно е поврзано со упорната употреба на тутун во Азија.

    Иако ограничувањата поврзани со пандемијата на Ковид влијаеја на дијагнозата и третманот на ракот, досегашните податоци – главно само од земјите со високи приходи – покажуваат минимално влијание врз преживувањето. IARC вели дека до 2050 година, бројот на случаи најверојатно ќе се зголеми за 77 проценти, на 35 милиони, како што населението расте и старее. Но, ефектот ќе биде нерамномерен, при што посиромашните земји ќе забележат зголемување на случаите за 142 проценти и двојно зголемување на стапката на смртност.

    Фото: Pexels

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img