Сега и кај нас, со специјални уреди, ќе се прегледуваат срцето и белите дробови

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за здравство денеска почна пилот-иницијатива за телемедицина, откако Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) обезбедија педесетина уреди за следење на здравјето од далечина кои ќе им овозможат на лекарите да вршат физички прегледи од далечина.

Уредите ќе им бидат обезбедени на ранливите семејства и ќе ги користат лекарите обучени за давање телемедицински услуги преку иницијативата за телемедицина поддржана од УНИЦЕФ и УСАИД.

– Иницијативата има за цел да обезбеди алтернативи на традиционалните здравствени консултации лице в лице во случаите кога физичкото присуство не е можно или не е потребно и да го зголеми правичниот пристап до здравствените услуги ß соопшти УНИЦЕФ. 

Лекарите со  помош на уредите за следење на здравјето од далечина ќе можат да го прошират клиничкиот опфат надвор од четирите ѕида на клиниката. Тие ќе можат да вршат физички прегледи на пациентите од далечина за да дијагностицираат акутни состојби како што се: ушни инфекции, воспалено грло, треска, настинка и грип, алергии, стомачни проблеми, инфекции на горните дишни патишта и осипи. Една од клучните предности, како што се наведува, е следењето на хроничните состојби кај најранливите и контрола и следење на  пациентите по спроведените процедури, вклучувајќи го и КОВИД-19.

– Во фазата на пилотирање, Министерството за здравство и Македонското лекарско друштво тесно ќе соработуваат со УНИЦЕФ за да го споделат искуството на лекарите од примарната здравствена заштита и пациентите од употребата на уредите. Ќе се собираат податоци за да се следи бројот на интеракции, испитувања, видот на дијагнози, возраста на пациентите и други мерливи показатели. Врз основа на споделените искуства, ќе се истражат можностите за проширување на иницијативата за да се обезбедат пристапни, соодветни, правични и висококвалитетни услуги за сите, а особено за најранливите – рече министерот за здравство Беким Сали.

Од УНИЦЕФ посочуват дека лекарите во земјата се служат со телефон или видео-конференции за да обезбедат телемедицински услуги, но тоа е ограничено на испитување и дијагностицирање на пациентот, без предноста што ја дава физичкиот преглед. Новите уреди за далечинско следење сега ќе им овозможат на лекарите да направат преглед на срцето и белите дробови на пациентот со висококвалитетни дигитални звуци; на ушите, грлото и кожата со висококвалитетни дигитални слики и видео; и да го измерат отчукувањето на срцето и телесната температура.

– За време на пандемијата на КОВИД-19, семејствата се соочија со нарушен пристап до  здравствена заштита што доведе до значително намалена испорака на здравствени услуги за децата и семејствата. Дигиталната технологија и новите модели на здравствена заштита им овозможија на земјите да го прилагодат здравствениот систем на новата ситуацијата. Затоа УНИЦЕФ и понатаму е посветен на давање поддршка на Министерството за здравство за воспоставување иновативни модели за давање услуги на децата и семејствата. Ќе продолжиме да го поддржуваме зајакнувањето на здравствениот систем преку дигитализација, а ова е дел од пошироката поддршка на УНИЦЕФ на Министерството за здравство во овие процеси за да се обезбеди подобар пристап до квалитетна, сеопфатна и инклузивна здравствена грижа за сите деца – рече претставничка на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани.

„Иновативниот и сеопфатниот пристап со уредите за далечинско следење, од закажување и виртуелна посета до план за здравствена заштита, не е само заштеда на време, туку и заштита од стрес, и се смета дека семејствата ќе се заштитат од финансиските трошоци за патување и од чекањето во здравствени установи. Овој пристап  може да помогне да се спречи непотребното упатување на пациентите помеѓу различните нивоа на здравствени услуги и да се намалат прегледите со физичко присуство, што е од голема важност за пациентите за кои честото движење претставува товар и ризик“, се вели во соопштението. 

– УСАИД со задоволство е партнер со УНИЦЕФ и Министерството за здравство за да ја спроведе оваа важна пилот-иницијатива за премостување на бариерата помеѓу давателите на примарна здравствена заштита и пациентите во руралните области. Нашите заеднички напори за зајакнување на квалитетна медицинска грижа за време на пандемијата на КОВИД-19 ја покажаа важноста на телемедицината и критичната потреба од прелиминарни прегледи за да се утврди дали е потребна дополнителна здравствена грижа. Овие уреди за следење ќе им овозможат на лекарите да вршат медицински прегледи и да доловат веродостојни витални информации за пациентот за кои не е потребна лична консултација. Пилот-иницијативата ќе им овозможи на пациентите да добијат квалитетна нега, а исто така ќе ги олесни преоптоварените здравствени работници во Северна Македонија – рече вршителот на должноста претставник на УСАИД во земјава Диего Маркез. 

- Advertisement -
Ad image

Набавката на уреди за далечинско следење е дел од пошироката поддршка на УНИЦЕФ на Министерството за здравство во справувањето со КОВИД-19 и во зајакнувањето на здравствениот систем преку дигитализација, со финансиска поддршка  од Агенцијата за меѓународен развој на САД.

Share This Article