Седумчлено семејство од Сирија, родители и пет деца загинаа во пожар што ја зафати куќата во Турција

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Kenan Ibrišimović, zaposlenik ambasade Turkiye u Bosni i Hercegovini, učestvovao je kao dobrovoljac u akciji spašavanja šest osoba iz ruševina u turskoj provinciji Hatay, a za Anadoliju je potvrdio da spasilački tim iz Sarajeva radi na spašavanju još preživjelih osoba u koordinaciji sa turskom dobrotvornom organizacijom IHH. Akcija spašavanja ispod ruševina petospratnice u Iskenderunu, u turskoj provinciji Hatay, dogodila se čak 102 sata nakon razornih zemljotresa koji su u ponedjeljak pogodili jug Turkiye. ( ekip - Anadolu Agency )

Седумчлено семејство од Сирија, родители и пет деца загинаа во пожар што ја зафати куќата во Турција, каде што престојуваа откако го преживеаја минатонеделниот земјотрес, јавуваат локалните медиуми.

Турската државна агенција Анадолија, повикувајќи се на писмено соопштение на главниот јавен обвинител на Коња, објави дека овој петок избувнал пожар во еднокатна куќа во која живееле 14 лица. Седум лица повредени во инцидентот се на болничко лекување, се вели во соопштението на Ал Џезира.

Анадолија пишува и дека семејството што загинало пред само неколку дена се преселило во централниот регион на Коња од градот Нурдаги во југоисточна Турција во провинцијата Газиантеп, кој беше тешко погоден од земјотресот на 6 февруари.

Во соопштението се наведува дека на лице место се извршени потребните истраги, како и дека е назначена комисија од експерти.

– Го видовме пожарот, но не можевме да интервенираме. Девојчето беше спасено од прозорецот – изјави жителот Мухсин Чакир за Анадолија.

Петте деца кои загинаа биле на возраст меѓу четири и 13 години, јавува Анадолија.

Во Турција живеат околу четири милиони Сиријци.

Share This Article