More

    Денеска бебето Бибас наполни 1 година во заложништво на Хамас

    spot_img

    Бебето Кфир Бибас денеска наполни 1 година, а од своето раѓање е во заробеништво на Хамас. „Тајмс оф Израел“ пишува дека ова е најтажниот роденден на светот. Бибас беше киднапиран заедно со неговиот четиригодишен брат Ариел и родителите Јарден и Шири.

    Бибас има црвена коса. Неговото семејство ќе му го прослави роденденот без него во кибуцоѕт Нир Оз, а на плоштадот во Тел Авив денеска ќе се соберат поддржувачи кои ќе побараат негово ослободување, заедно со другите заложници кои ги држи милитантната група Хамас.

    Првиот братучед на мајката на Бибас заедно со неколку забавувачи и други роднини снимија песна за детето и ја објавија. „Тие ме викаат Џинги“ е насловот на песната, а „џинги“ на еврејски значи црвенокос. Роденденската торта и балоните се со портокалова боја.

    Светот сега е запознаен со видеото на Хамас кое го доловува ужаснатиот поглед на мајката Шири која ги зграпчува своите две момчиња блиску до градите наспроти борците на Хамас. Киднапирањето се случило на 7 октомври, кога беше првиот напад на Хамас врз Израел со кој започна војната. Се смета дека таткото бил одделно земен и дека при грабнувањето бил удрен со чекан по главата на пат кон Газа.

    Подоцна се дозна дека мајката и братот Ариел биле убиени во израелски воздушен напад врз Газа.

    Ослободениот заложник Нили Маргалит, кој помина речиси 50 дена во заробеништво на Хамас, откри дека бил со таткото на Бибас кога терористите на Хамас му кажале дека неговата сопруга и двете мали деца се убиени и дека Хамас му наредиле да сними видео во кое го обвинува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху затоа што владата одбила да ги врати нивните тела во Израел.

    Израелските одбранбени сили ИДФ соопштија дека тврдењата на Хамас во врска со семејството Бибас не се потврдени и ги опиша како „психолошки терор“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img