Ендометриозата е болест во која надвор од неа расте ткиво слично на слузницата на матката. Повеќето жени дури и не знаат дека го имаат, бидејќи може да биде асимптоматски.
Не е секогаш лесно да се препознае, па затоа многу жени живеат со оваа состојба со години без точна дијагноза, известува Светската здравствена организација (СЗО).
Исто така, лекарите нагласуваат дека е можно да се појави ендометриоза на повеќе органи. Покрај неподносливите болки и нередовната менструација, оваа состојба може да доведе и до проблеми со зачнувањето, односно неплодност, пренесува Index.hr.
И додека некои жени немаат никакви симптоми кои би можеле да укажуваат на ендометриоза, други страдаат од нив со години, мислејќи дека тоа се само болни менструации или неправилни циклуси. Симптомите кои најчесто откриваат дека жената ја има оваа болест се следниве:
– многу болни менструални циклуси
– болка во долниот дел на стомакот или грбот, непосредно пред или за време на менструацијата
– зголемено крварење за време на менструацијата или крварење помеѓу два циклуса
– неплодност
– грчеви во нозете и болки во карлицата кои започнуваат пред менструацијата и продолжуваат по престанокот на менструацијата
– болка за време или после сексуален однос
– замор.