More

    Седницата за инаугурацијата на првата жена претседател на државата Гордана Сиљановска-Давкова ќе се одржи в недела на 12 мај, денот кога завршува мандатот на актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски

    spot_img

    Седницата за инаугурацијата на првата жена претседател на државата Гордана Сиљановска-Давкова ќе се одржи в недела на 12 мај, денот кога завршува мандатот на актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски.

    Пендаровски, заедно со сопругата Елизабета Ѓоргиевска и синот Огнен на 12 мај треба да ја напушти претседателската резиденција на Водно, во која се всели пред точно 5 години.

    По престанокот на функцијата, на претседателот Пендаровски му следуваат низа на доживотни бенефиции.

    Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство по престанок на функцијата, тој има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на државата, има право на канцелариски простор и најмногу три соработници. Има и право на лично обезбедување, како и право на користење службено возило и возач.

    Пред 5 години Пендаровски, откако се пресели во вилата во која неговиот претходник Ѓорѓе Иванов живееше 10 години или два мандати, пред новинарите најави дека по завршувањето на мандатот нема да бара претседателска пензија, ниту пак средства за отворање на канцеларија, туку ќе се врати на работното место професор.

    Тој и пред неколку дена ја повтори изјавата:

    – Јас имав изјава пред 5 години гледам во меѓувреме овие кои никако не се откажуваат од апанажата бидејќи се од млади години на државна помош и немам намера тие ставови да ги менувам. Значи после тоа се враќам на факултет на којшто бев и претходно професор немаме никаква дилема околу тоа. Нема да барам плата, апанажа или пензија како ја нарекуваат политичка бидејќи сè уште не сум за пензија – изјави Пендаровски.

    Неговиот претходник Иванов ја искористи законската можност за претседателска пензија и доживотно на трошок на државата му следуваат канцеларии во висококатниците во Џевахир, буџет од 150.000 евра, пензија од 91.000 денари, обезбедување и возач.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img