Седницата во албанскиот парламент започна со фијаско

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пленарната седница во албанскиот законодавен дом, како и изминатите неколку претходни, почна во тотален хаос, откако пратениците од опозицијата запалија димни бомби, удираа по собранискте маси и говорницата ја блокираа со столчиња.

Припадниците на Националната гарда, задолжени за обезбедувањето, се обидуваа да им ги оздемат димните бомби од рацете на пратениците.

При тоа пратеникот на Демократската партија, Фламур Нока, поранешен министер за внатрешни работи, беше исклучен од Собранието откако фрли димна бомба и нападна припадник на гардата, кога се обиде да му ги одземе бомбите, кои му ги давала сопартијката Албана Вокши.

Предупредувањата на собранискиот спикер Линдита Никола да се повикаат на одговорноста што ја имаат, беа залудни, по што седницата беше одложена.

Координаторот на демократската пратеничка група, Газмент Барди изјави дека Собранието е во „аномалија“ и оти на опозицијата и се ускратува правото да ја контролира власта.

– Парламентот ја загуби својата претставничка мисија, безбедносните сили спроведуваат незаконски наредби – обвини тој.

Реагираше и Сали Бериша, кој ја предводи побројната пратеничка група на демократите.

– Ова беше седница на срамот.

Денешната граѓанска непослушност е последователниот успех на пратениците од опозицијата, рече тој.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article