Братот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (35), Ѓорѓе Ѓоковиќ (27) во август на тврдината Калемегдан во Белград ја запроси својата девојка, инфлуенсерката Сашка Веселинов. Како што пишуваат српските медиуми, парот наводно на 12 септември ќе се заколне на вечна љубов во црква во Белград, по што прославата ќе продолжи во Црна Гора, во познатото летувалиште Херцег Нови, со поканети гости.
Како што дознава српски „Курир“, венчавката ќе се одржи во голема тајност и на неа ќе присуствуваат само членовите на потесното семејство на младенците.
– Младенците во Црна Гора пристигнуваат со 80 гости. Колку се грижеа за гостите се гледа од тоа што Ѓорѓе и неговата бремена свршеница на сите им платија авионски билети и сместување во луксузен хотел – откри изворот и продолжи:
– Гостите во Црна Гора ќе престојуваат четири дена, при што ќе бидат организирани неколку прослави. За секоја од овие забави, во поканата е наведен посебен „дрес код“ кој секој ќе треба да го почитува. Меѓу гостите, покрај членовите на семејството, ќе бидат и нивните најдобри пријатели и блиски соработници. Сè ќе биде на врвно ниво, а ќе има специјалитети од сите кујни на светот, пијалаци и секако добра музика. Оваа венчавка може да ја загрози венчавката на неговиот брат и Јелена.
Ноќевање во хотел во кој идните младенци имаат обезбедено сместување за своите гости изнесува 3.300 евра, а цената на повратниот авионски билет е најмалку 200 евра.
Ѓорѓе и Сашка за превоз и сместување на гостите ќе платат околу 150.000 евра. Новак и Јелена се венчаа и во Црна Гора, но на Свети Стефан. Очигледно е дека семејството Ѓоковиќ ја обожава Црна Гора.
Да потсетиме, парот на почетокот на август ја прослави својата прва годишнина на одмор во Хрватска. Сашка потоа сподели неколку фотографии од својот одмор и му испрати трогателна порака на Ѓорѓе.
„Најубавата година помината со тебе Ѓонѓица“, напишала таа заедно со видеото на кое Ѓорѓе како го проучува менито во ресторан на светлина на свеќи.