More

    Се зголемува интензитетот на нападите и злосторствата на Западниот Брег и во Појасот Газа

    spot_img

    Снимката од безбедносната камера пред куќа во градот Тулкарм на Западниот Брег покажува израелски војници во возило кое  го прегазуваат телото на Палестинец кој бил застрелан за време на рација.

    Израел веднаш не ја коментираше снимката, која се појави откако израелската гранична полиција во понеделникот соопшти дека нејзините командоси извршиле рација во Тулкарем за да уапсат баран милитант и убиле тројца вооружени лица во конфронтација.

    Снимките од понеделникот покажуваат како израелските безбедносни сили се приближуваат до куќата ноќе и пукаат во група млади мажи, од кои најмалку еден е вооружен, откако тие истрчале од куќата на улица.

    Двајца од нив биле погодени на улица и останале да лежат, а на снимката од друг агол се гледа дека е погоден и трет маж. Откако ги убиле, израелските војници со теренци повеќепати ги прегазувале телата.

     

    На снимката се гледа возило на израелските безбедносни сили како се приближува до две тела на земја и се превезува над едно од нив, а во еден момент застанува пред нозете на човекот.

    Од Изарелските одбранбени сили (ИДФ) нема коментар за изживувањето на израелските војници врз убиените Палестинци.

    Израел денеска ги засили нападите врз јужниот и централниот дел на Газа и покрај најавите дека ќе повлече дел од својата армија и ќе започне кампања со попрецизни цели и повиците од САД за поголема заштита на цивилите.

    Но, борбите изгледаат поинтензивни од кога било, особено во јужниот и централниот дел на енклавата каде израелските сили започнаа копнена офанзива минатиот месец.

    Од почетокот на офанзивата во Газа, Израел уби повеќе од 23.000 Палестинци во обид да ја елиминира милитантната група Хамас, откако нејзините борци убија 1.200 Израелци и киднапираа 240 луѓе во терористичкиот напад на 7 октомври.

    Американскиот државен секретар Антони Блинкен, на своето четврто патување во регионот од почетокот на војната, денеска ја посети Рамала и се сретна со тамошните палестински лидери, меѓу кои и претседателот на палестинската управа Махмуд Абас. Блинкен се состана и со израелските лидери и ги посети блиските арапски држави, обидувајќи се да најде идно решение за енклавата од 2,3 милиони луѓе, која беше значително уништена од израелското бомбардирање.

    Американскиот државен секретар во вторникот рече дека Израел мора да донесе „тешки одлуки“ и да ја одржи идејата за палестинска држава, доколку сака да ги нормализира односите со своите арапски соседи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img