More

    Се зголемува бројот на поплаки од осигурителните компании

    spot_img

    Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) во првите 3 месеци годинава примила 71 претставка од осигуреници кои се пожалиле на услугите од осигурителни компании. Бројот на поднесени претставки во овој период е зголемен за 14,5% во споредба со првиот квартал од 2022 година.

    Од поднесените претставки  5 биле без основ за разгледување, а подносителите во 6 случаи ги повлекле своите поплаки. Во корист на осигурениците се решени 11 претставки. Во процес на постапување се 16, а негативно се решени 33 поплаки на осигуреници.

    Очекувано, и годинава најголем број на поплаки има во најмасовната осигурителна класа „осигурување од автомобилска одговорност” која е задолжителна со закон. Поднесени се 34 претставки за штети кои настанале во сообраќани незгоди и се покриени со ова осигурување.

    Според податоците на АСО, најбројни, вкупно 18, се претставките во кои осигурениците се жалат на решавање штети настанати при сообраќајни незгоди решени врз основа на користење полициски записник. Најголем дел од нив се однесуваат на висината на обештетувањето и се решени негативно.

    Во овој период е намален бројот на поплаки за решавање штети врз основа на пополнет европски извештај. Во првите 3 месеци се добиени 13 претставки за решавање штети и тоа е за 32% помалку од истиот период лани.

    За осигурување имот се поднесени 9 претставки, а по 8 се однесуваат на приватно здравствено осигурување и на осигурување од незгода.

    Исто како и претходната година, во однос на причината поради која се жалат осигуреници, најбројни во овој период се претставките кои се однесуваат на основот по која компаниите исплаќаат штети. За првите три месеци се примени 33 такви претставки и тоа е за 65% повеќе од истиот квартал во 2022 година.

    Најзначајно намалување на бројот на поплаки има за процесот во кој компаниите ги обработуваат штетите на осигурениците. Од почеток на јануари до крајот на март годинава се поднесени само 5 такви претставки и тоа е за 68% во однос на истиот период лани.

    За висината на надоместот на штета што го нудат осигурителните компании во првите 3 месеци годинава се пожалиле 19 осигуреници. Во овие случаи АСО нема надлежност да одлучува за висината на надоместокот, но ги утврдува условите и околностите во кои е донесена одлуката за износот на понудена оштета.

    Од поднесените претставки 61 се поднесени од граѓани, а 10 од правни лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img