More

    Се замрзнува цената на тоалетна хартија, влажните марамчиња, пелените за деца и возрасни (дајперси) и на хигиенски влошки

    spot_img

    Владата денеска ја замрзнува цената на тоалетна хартија, влажните марамчиња, пелените за деца и возрасни (дајперси) и на хигиенски влошки на ниво од 20 март намалени за 13%, соопшти Министерството за економија. Цените на овие производи ќе бидат замрзнати во периодот од 1 април до 31 мај 2023 година.

    Одлуката е во согласност со анализите направени во Министерството за економија и податоците од Царинската управа.

    – Во делот на тоалетна хартија цените на тоалетната хартија се движеле од 94,8 до 343,3 денари, од 1 до 24 март цената се движела од 94,8 до 205 денари, а со пресметано ДДВ од 11 денари до 241 денар. 85% од тоалетната хартија е од увоз. Кај влажните марамчиња цената се движи 94,6 денари во јануари, 94,5 денари во февруари и 83,2 денари во март. Редовната царина е 6%. За пелени за деца и возрасни (дајперси) се движи 36 денари по парче до 1.600 денари по кутија, а кај за хигиенски влошки се движи 27,9 денари по парче до 63,56 денари по парче. Редовната царина е 6%-изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

    Министерот додаде дека одлуката за замрзнување на цената на хигиенските влошки се носи бидејќи Законот за намалување на ДДВ на овие производи уште не е усвоен во Собранието.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img