More

    Се заканува еколошка катастрофа во заштитено подрачје во Холандија

    spot_img

    Транспорнтниот брод „Freemantle Highway“ натоварен со автомобили, сѐ уште гори покрај холандскиот брег. Холандската крајбрежна стража веќе втор ден се обидува да го изгасне пожарот и да спречи еколошка катастрофа, но не успеваат бидејќи температурата е толку висока што не можат да пристапат до него.

    Неколку од 23-те членови на екипажот беа повредени, а еден морнар загина. По натоварувањето во германското пристаниште Бремерхавен, бродот беше на пат кон египетскиот Порт Саид, а потоа кон Сингапур.

    Бродот превезувал 2.857 автомобили, од кои повеќето биле возила произведени во фабриките на Мерцедес и БМВ.

     

    Според информациите на холандската агенција АНП, која се повикува на изјава од член на екипажот на бродот, се претпоставува дека се запалил еден од 25-те електрични автомобили и дека тоа го предизвикало пожарот. Но, официјалната причина за пожарот сѐ уште не е позната.

    Покрај човечката несреќа, од пожарот на бродот натоварен со автомобили се заканува и еколошка катастрофа која загрозува и делот од морето под заштита на УНЕСКО. Станува збор за областа Wadden Sea, која е најголемиот непрекинат систем на меѓуплимни песочни и калливи рамнини во светот.

     

    Холандските власти се надеваат дека истекувањето на гориво нема да влијае на Ваденските Острови.

    Од Мерцедес соопштија и потврдија дека во авионот имало 300 нивни возила, а оттаму велат дека е покрената истрага. Потврда достави и БМВ, но не е соопштено колку нивни автомобили имало на запалениот брод. Ford, Stellantis, Renault и Nissan велат дека нивните автомобили немало на бродот, а од Toyota вели дека е малку веројатно да има некое нивно возило таму.

    Тесла не одговори на прашањето на Блумберг дали 25 електрични автомобили што горат на бродот се од нивно производство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img