Се вршат претреси во Гајре за расчистување на злосторот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во врска со настанот во кој на 05.07.2024 во Тетово, едно лице кое било со возило „мерцедес” пукало кон возило „бмв” во кое било лицето со иницијали Р.Т.(39), кое од добиените повреди починало, ве известуваме дека од страна на МВР – Биро за јавна безбедност се преземени дополнителни мерки за пронаоѓање на лицето за кое постојат основи на сомневање дека е потенцијалниот сторител, информира МВР.

„По издадени наредби од страна на Основен суд Тетово извршени се претреси на три локации во село Гајре, од каде се одземени предмети кои може да бидат корисни за расчистување на настанот, а во Полициска станица Тетово едно лице е задржано на информативен разговор. Целокупните дејствија се преземаат во координација со надлежното Јавно обвинителство, а во целиот случај од првиот момент се вклучени и полициски службеници од Одделот за крим полиција при БЈБ“, се наведува во соопштеието.

Мотив за убиството од кола во движење што во петокот ноќта се случи во Тетово, неофицијално, е продолжение на стара пресметка меѓу две семејства и е поврзано со пукањето во тетовската болница пред неколку месеци.

Share This Article