More

    Се враќа довербата во бизнис-заедницата, порача Мицкоски

    spot_img

    „Нема фудбалчиња по кабинетите, нема рекетирања, нема братучеди и браќа кои го олеснуваат тргувањето, нема посредници за услуги за брз поврат на ДДВ… и тоа влијае на економскиот потенцијал. Очекувам да го видиме денеска вториот квартал, имајќи предвид дека изборите завршија во мај, очекувам да има и тука пораст. Мислам дека бизнис-атмосферата сега е многу послободна. Се враќа довербата во бизнис-заедницата. Бизнисмените се слободни да инвестираат“.

    Вака изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното удирање камен темелник на фабриката за литиумски батерии на германската „BMZ Group“, странска инвестиција од 65 милиони евра, која, како што рече, ќе извезува најмалку 35 милиони евра во првите години со потенцијал до 130 милиони.

    – Индустриското производство по неколку месеци пад во првите два квартали, падот во мај мислам дека беше двоцифрен од 11-12%, додека за првпат имаме пораст на БДП во вториот во јули имаме пораст од повеќе до 3,8%, тоа е поради новата влада. Очекувам трендот да продолжи и во третиот и во четвртиот квартал, имајќи на ум дека вчера на влада ги поминавме 500 милиони евра заем од Унгарија. Очекувам до крајот на месецот средствата да бидат изгласани во парламентот, 250 милиони од нив се заем за развој на бизнис заедницата, со 3,25% камата и 3 години грејс период од 12 години на отплата, нешто што во моментот не може да се добие на друг пазар. Останатите 250 милиони евра се исто така со развојна компонента, наменети се за развој на општините. Сето ова очекувам да го поттикне македонскиот БДП – изјави Мицкоски.

    Премиерот објасни и дека постои економската логика на раст која е врзана со зголемување на извозот.

    – Многу ни е важно да го зголемиме извозот. Да имаме што помала разлика, поголем извоз, помал увоз. Тоа позитивно влијае на БДП, позитивно влијае на задолжувањето, а тоа пак отвора простор за странски инвестиции. Тоа е тој ланец – порача тој.

    Мицкоски откри и дека на владина седница биле зголемени субвенциите за две земјоделски култури.

    – Вчера на влада донесовме одлука за субвенционирање дополнителни 3 денари по килограм за производилтеите на пченица, бидејќи ова ни е стратешка култура. Тука се и производителите на јачмен. Субвенцијата за хектар ќе биде удвоена, 12.000 наместо 6.000 денари. Ова е поради ниската откупна цена на јачменот од 9 денари – истакна премиерот.

    Запрашан за инфраструктурните проекти кои биле одобрени на владината седница тој рече:

    – На влада поминаа неколку инфаструктурни проекти финансирани проекти од Министерството за транспорт и . Меѓу нив и Колекторксиот ситем во Охрид и фекална канализација во село Трпејца. Отприлика 68-69 ми денари и дополнителни 53 милиони за водоводни системи, фекална и атмосферска канализациај во Радовиш, Битола и Прилеп. Во иднина ќе има уште вакви проекти, тие се вистинските потреби на граѓаните. Тие проекти долго чекале.

    Запрашан за измените во тимот на Историската комисија со Бугарија, премиерот рече дека деновиве очекува да се види со министерот за надворешни работи. 

    – Има некои идеи. Мислам дека на идната седница ќе се решат тие прашања за историската комисија – изјави Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img