Две малолетни лица се потешко повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово Скопје. Несреќата се случила кога малолетниците мопед „априлија“ се судриле со автомобил „ауди“.
„На 09.04.2024 во 22.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје, на влез во с.Черкези-кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди” со кумановски регистарски ознаки, управувано до Д.А.(24) од с.Љубодраг-кумановско, и мопед „априлија” со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Тромеѓа-кумановско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“ – известуваат од МВР.