Се воведуваат и правила за лицата со попреченост и за одлагање или доцнење на летот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Европската комисија денеска објави ревидирани упатства за правата на патниците во воздушниот сообраќај, што треба да го олесни нивното усогласување со прописите и да помогне во нивно спроведување од страна на националните тела.

Ревизија се базира на пресудите на Европскиот суд на правдата со кои се појаснуваат одредени одредби и се овозможува поефикасно и доследно спроведување на правилата, но додаден е и нов дел поврзан со доцнења и одлагања летовите, како и за правата на лицата со попреченост и со намалена подвижност при патување со авион.

Според ЕК, денешните ревидирани упатства треба да помогнат да се подобри имплементацијата на правата при патување со авион, како и да им се објаснат на патниците потребните постапки во остварување на нивните права и обезбедување соодветна помош, вклучително и преку редовни онлајн кампањи за подигање на свеста и промовирање на мобилни апликации за правата на патниците.

Денешните упатства доаѓаат заедно со резултатите од новото истражување на Евробарометар, кое покажува дека повеќето Европејци чувствуваат дека немаат доволно информации за нивните права како патници, иако свесноста за нив е зголемена во споредба од пред пет години.

– Резултатите покажуваат дека испитаниците најверојатно се чувствувале добро информирани за правата на патниците за патување со воз (33%), потоа со авион (30%), со автобус (27 %) и на крај со брод или ферибот (16%). Истражувањето исто така покажува дека 84% од испитаниците кои побарале помош за лица со попреченост или намалена подвижност биле задоволни од реакцијата на нивното барање, се наведува во соопштението на ЕК.

Според анкетата, 35% од патниците се информирале за нивните права, што е за 13 процентни поени повеќе отколку во 2019 година.

Во соопштението се додава и дека ЕУ е единствената област во светот каде што патниците се заштитени со целосен сет на права – без разлика дали патуваат со авион, воз, брод или автобус.

– Правата на патниците се засноваат на три темели: недискриминација, точни, навремени и достапни информации и непосредна и соодветна помош. Оваа заштита е единствена во светот – посочува Еврокомисијата.

Share This Article