Се води борба за воена болница

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинската војска потврди дека руските падобранци слетале во Харков во обид да го заземат опколениот град, јави Би-Би-Си.

Според украинската војска, воздушниот напад започнал токму кога почнале да се огласуваат сирените за воздушен напад во Харков и околниот регион.

Во соопштението се додава дека руските војници нападнале регионална воена болница и дека борбите се во тек.

Харков беше епицентар на голем дел од насилството забележано во Украина во последните денови и беше цел на гранатирање.

Вчера проектил го погоди седиштето на локалната власт на вториот по големина град во Украина околу 8 часот по локално време. Друг напад се случи подоцна во текот на вчерашниот ден во една од станбените населби во Харков.

Украинскиот претседател Зеленски подоцна нападот го нарече воено злосторство.

Најмалку 17 лица загинаа вчера во Харков, а десетици се ранети, според официјални лица од Службите за вонредни состојби.

Некои експерти шпекулираат дека артилериските напади врз станбените населби би можеле да бидат обид на Русија да ја ослабне решеноста на Украина за борба, посочува Би-Би-Си.

Share This Article