Украинските и јужнокорејските власти објавија дека неколку Севернокорејци се убиени во новоокупираните области на Русија. Засега не е познато дали станува збор за инженери кои требало да и помогнат на Русија да изврши напади со балистички ракети врз Украина.
Високи функционери во Киев и Сеул објавија дека десетици севернокорејски воени инженери помагаат и во нападите на Русија со балистички ракети врз Украина. Оние кои работеле во новоокупираните области на Русија веќе се убиени, пренесува британски Гардијан. Засега не е јасно дали се работи за споменатите инженери или за припадници на други сили.
Во средата, украинската армија, според сопствените изјави, уништила и севернокорејска муниција во напад на складиште во Брјанск.
За време на минатогодишната посета на Русија, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун потпиша таен договор за оружје со рускиот претседател Владимир Путин, а пратките на Пјонгјанг, според Гардијан, биле клучни за напредокот на Русија во војната. Дури на крајот на летото стана јасно дека договорот не вклучува само набавка на оружје, туку и воени сили.
Иако помошта на Северна Кореја за Русија е добредојдена, според професорот Лим Еул Чул, користа е обострана. Од клучно значење за севернокорејските сили е да научат како да ракуваат со своето оружје и да стекнат борбено искуство. Според украински извори, се вели дека Северна Кореја и дала на Русија околу половина од својата муниција од голем калибар. Москва и Пјонгјанг негираат размена или продажба на оружје.