More

    Се урна дел од планина во Кина, при што загинаа 19 лица

    spot_img

    19 лица загинаа, пет се полесно повредени, а работниците во блискиот рудник се евакуирани на безбедно место кога дел од планината се урна на државната шумска фарма во Лешан во провинцијата Сечуан во југозападна Кина.

    Потрагата и спасувањето заврши во неделата навечер, а истрагата за оваа несреќа е во тек, пишува Global Times.

    На местото на настанот се испратени повеќе од 180 спасувачи опремени со 14 специјализирани спасувачки возила.

    Во извештаите од местото на несреќата се наведува дека голема карпа паднала и на земјиштето на рударската компанија и уништила некои производствени и станбени објекти.

    „Нема многу мештани кои работат на местото на несреќата, повеќето работници и жртви се од други места“, рече еден селанец, додавајќи дека патиштата во селото биле затворени по падот, кој очигледно бил предизвикан од обилните врнежи во област.

    Вработен во локалната државна администрација потврди дека на лице место се ангажирани спасувачи и додаде дека јавноста ќе биде навремено информирана за ситуацијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img