More

    Се урна борбен авион F-35, гордоста на америкаското воздухопловство

    spot_img

    Во американската сојузна држава Ново Мексико дошло до несреќа во која се урнал борбен авион F-35, јавуваат локалните медиуми.

    Несреќата се случила вчера околу 14 часот по локално време, недалеку од градот Албакерки.

     

    За време на несреќата во авионот единствено бил пилотот кој е стабилен, но тешко повреден. Станува збор за борбениот авион F-35A Lightning II Multirole Fighter, еден од најмодерните во американската флота кој вреди околу 110 милиони долари.

     

    Портпаролот на блиската база на воздухопловните сили изјави дека пилотот полетал од базата во Форт Ворт, Тексас.

    Неговата крајна дестинација била базата Едвардс во државата Калифорнија. Пилотот најпрво слетал во воздухопловната база Киртланд на периферијата на Албакерки за да наполни гориво.

    Џејсон Фејер, портпаролот на локалните пожарникари, изјави дека пилотот успеал да се катапултира од авионот, но е тешко повреден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img