Се укинуваат сертификатите во Грција

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Грција од денеска ги укинува сите епидемиолошки мерки воведени за спречување на ширење на коронавирусот, освен задолжителното носење маски во затворени простории, а таа мерка ќе остане на сила најмалку до крајот на мај, пишува „Катимерини“.

За влез во оваа земја повеќе нема да бидат потребни сертификати за вакцинација, негативни ПЦР тестови, како ниту оние за во ресторани, кафулиња или културни институции.

Задолжителниот „Covid pass“ за влез во сите објекти во внатрешноста на Грција, како и европскиот сертификат за патување во земјата, од денеска се укинуваат, согласно официјалните најави од Министерството за здравство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на правилата што од денеска важат во внатрешноста на земјата, конкретната министерска одлука веќе е објавена во Службен весник на Грција, додека пак другата, што се однесува на граничните премини, сè уште не е објавена, иако претходната беше во сила до шест часот утрово.

Од Министерството за здравство, како што веќе објави МИА, во четвртокот соопштија дека надлежната Комисија на епидемиолози препорачала „суспензија на Covid pass од 1 мај и враќање на исполнетоста на објектите на 100 отсто од капацитетот, суспензија на сертификатот од EUDCC на влезните точки во земјата“, препораките прифатени од Владата и додадоа дека деталите ќе бидат разјаснети во новата министерска одлука што ќе биде објавена во Службен весник на Грција.

Последната министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на ковид-19  од 18 април, беше во сила до денеска во шест часот наутро.

Во однос на летовите од и кон Грција, од Агенцијата за цивилно воздухопловство на соопштија дека од денеска „се укинати здравствените ограничувања за ковид-19 за домашни и меѓународни летови“.

Share This Article