Се укинуваат работните дозволи во земјите од Западен Балкан

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

За работа во земјите од Отворен Балкан (СРМ, Србија и Албанија), нема веќе да има работни дозволи. Собранието го донесе Законот за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан и Договорот за услови за интерконекција на шеми за електронска идентификација.

Со  договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот,  им се овозможува да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци. Договорот за услови за интерконекција на шеми за електронска идентификација, пак,  предвидува пристап до електронските услуги на националните портали на трите држави  преку креирање електронска идентификација „Отворен Балкан“ за остварување на можноста за пристап до пазарот на труд во тие држави.

Договорите беа потпишани на 21 декември 2021 година во Тирана од лидерите на трите земји од иницијативата „Отворен Балкан“, тогашниот премиер Зоран Заев, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија  Еди Рама.

 

Share This Article