More

    СЕ СВИКУВА СОБИР НА ГРАЃАНИ ВО УРБАНА ЗАЕДНИЦА-9 „8-MИ СЕПТЕМВРИ“

    spot_img

    Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа,Член 106 од Статутот на општина Охрид и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ.

    На 27.06.2022 (понеделник) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница-9 „8 -ми Септември“. Собирот ќе се одржи во големата сала на општина Охрид.

    Урбаната заедница-9 „8 -ми Септември“ го зазема централниот дел од градската територија и се граничи со: од Исток ул.“7-ми Ноември”, од Запад ул. “Пирин Планина”, од Север ул. “Железничка” и од Југ “1 Градски Ринг”.

    Заради вршење избор на членови на совет на урбана заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во следните УЛИЦИ: ново проектирана ул. “Пирин Планина” – десна страна, ул. “Железничка” – од пресек со ул. “Пирин Планина” до пресек кај раскрсница кај “Здружение на возачи”, ул. “7 Ноември” – од пресек кај раскрсница на “Здружение на возачи” со пресек со нова ул. “Прв градски ринг”- лева страна непарни броеви, нова ул. “Прв градски ринг” – десна страна  пресек со ул. “7 Ноември” до пресек со ул. “Пирин Планина”, “Абас Емин” – дел,  ул. “Крали Марко” – дел, ул. “Тетовска”, ул. “Анастасија Узунова”,ул. “Охридска Бригада”,ул. “Егејска”,ул. “Кленоец” – дел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img