Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун утрово во рускиот космодром Восточни се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.
„Мило ми е што те видов“, му рекол Путин на Ким Џонг-ун, поздравувајќи го севернокорејскиот лидер.
„Ова е нашиот нов космодром“, додаде Путин, претставувајќи му го вселенскиот центар „Восточни“.
Ким потоа му се заблагодари на Путин за поканата, се вели во видеото објавено на каналот Телеграм на Кремљ.
Запрашан од новинарите дали на дневен ред е договор за оружје меѓу двете земји, портпаролот на Кремљ рече дека Пјонгјанг и Москва соработуваат во „чувствителни области“ кои не треба да бидат јавни.