Се снима последната сезона од серијата „Круна“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Се снима последната сезона од серијата „Круна“. Се појавија фотографии од снимањето на шестата сезона.

Приказната се пренесува во Шкотска на почетокот на ова илјадалетие. Принцот Вилијам (Ед Меквеј) е примен во Универзитетот на Сант Андрес, каде што се надева на помирен и понормален живот пред да ги преземе своите кралски должности. Таму ја запознава Кетрин – Кејт Мидлтон, неговата идна сопруга (ја глуми Мег Белами).

Нетфликс потврди дека новата сезона на „Круна“ ќе се прикажува оваа година. Имелда Стаунтон ќе ја продолжи нејзината улога како кралицата Елизабета Втора. Се враќаат и Лесли Менвил како принцезата Маргарет, Доминик Вест (принцот Чарлс), Елизабет Дебики (како Дијана), Клаудија Харисон (принцезата Ана) и Оливија Вилијамс како Камила Паркер Боулс.

Берти Карвел ја презема улогата на Тони Блер, Селим До ќе го глуми Мохамед ал Фајед, а Калид Абдала – Доди Фајед. Руфус Кампа и Флин Едвардс ќе ги толкуваат принцовите Вилијам и Хари во раниот период, а Лутер Форд ќе ја преземе улогата на Хари во подоцнежните епизоди.

Share This Article