More

    Се шушка дека Каселакис е геј, може ли да стане премиер?

    spot_img

    Сите во Грција зборуваат за човекот кој го замени Алексис Ципрас на лидерското столче. Се работи за згодниот Стефанос Каселакис. Некои велат дека на прв поглед тој не изгледа како Грк. Но, дали е вистина дека Каселакис е хомосексуалец или тоа е маркетиншки трик? Се зборува дека 35-годишникот со светла коса и сини очи има дечко Американец. А неговата желба е да стане премиер на Грција.

    Каселакикс се залага ЛГБТК+ луѓето да можат да се мажат и да посвојуваат деца. Тој, исто така, сака грчката војска да биде професионална, а не редовна. Ова е првпат левицата во Грција да го искритикува регрутирањето војници.

    Оди во теретана со својот „брат“

    Во јавноста Стефанос секогаш се гледа со својот партнер Тајлер Макбет, медицински „брат“ од САД, за кого вели дека е „здив на слободата“ во неговиот живот и со кого е во правна врска четири години. Стефанос и Тајлер го започнуваат својот ден секој ден со одење во теретана – уште една, за жал, не многу типична особина на потомците на древните олимпијци. Каселакис ги освои левичарските гласачи.

    Може ли геј некогаш да стане премиер на Грција?

    Во вториот круг од изборите за лидер на Сириза, против Ефи Ахчиоглу, поранешна министерка и апсолутен фаворит, тој освои 55 отсто од гласовите и ја презеде партијата од неговиот претходник и поранешен премиер Алексис Ципрас. Дали Грција се свртува кон вредностите на „модерното време“, дали Каселакис ќе му биде достоен ривал на Мицотакис и ќе стане првиот отворено геј премиер во грчката историја?

    А можеби сè поставивме на друг начин. Што ако гласачите не беа подготвени да изберат жена со презиме поврзано со турско потекло за лидер на партијата? Актуелната претседателка на Грција, Катерина Сакеларопулу, е првата жена на таа функција во историјата, но таа не беше избрана на непосредни избори.

    Жените би сакале тој да не е геј

    Има шпекулации дека и „геј приказната“ на Каселакис е маркетиншки трик. Или можеби тоа се само желби на сите оние жени кои за време на политичките говори без да трепнат зјапаат во него.

    Во секој случај, детската амбиција на Стефанос е на прагот да се реализира. Останува само Сириза да победи на изборите, пишува РТС.

    Чукајте, премиерот е внатре!

    Роден во предградијата на Атина, во семејство на интелектуалци по потекло од Крит, кои се бореле и напорно работеле за да им обезбедат на децата сигурна иднина. И тешко им беше. Не можеа ни да замислат да студираат на престижен универзитет.

    Стефанос бил паметно и амбициозно дете. Неговиот татко Теодорос открива дека знаел да напише на вратата од својата соба: „Чукајте, премиерот е внатре!“ А можеби е на прагот да ја оствари таа амбиција. На 14-годишна возраст Стефанос освои сребрен медал на натпреварот на Грчката математичка асоцијација и доби стипендија за продолжување на образованието во Америка.

    Дипломирал на Универзитетот во Пенсилванија со диплома за меѓународни односи и финансии и неговата кариера само бележи подем.

    Работел за Бајден и за Голдман Сакс

    Уште многу млад, тој волонтираше во партиската кампања на Бајден, а потоа работел како банкар во Голдман Сакс. Потоа, како и многу богати сонародници, основал бродска шпедиција која успешно се занимава со бизнис. До пролетта оваа година живеел на Флорида, а потоа се преселил во татковината. Извесен период е во политиката. Во левичарската партија „Сириза“ тој буквално излезе од темнината на крајот на август објавувајќи ја својата кандидатура на партиските избори на социјалните мрежи.

    Се вели дека совршено го познава англискиот јазик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img