Се расклопуваат шатори пред Уставниот суд

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шаторите на ДУИ кои во неделата беа поставени пред Уставниот суд во Скопје и во кои беше најавено дека ќе протестираат нивни членови под името „Стража на јазикот“, денеска веќе се демонтираат. ТВ21 објави снимка од расклопувањето на еден од шаторите обвиен со албански знамиња.

Утринава пред судот изјави дадода лидерот на ДУИ Али Ахмети и Бујар Османи. На прашањето на новинарите зошто Ахмети говорел само на албански јазик Османи рече дека новинарите ќе добијат транскрипт од говорот.

„Стражата“ на ДУИ доаѓа во време кога поранешниот вицпремиер и истакнат член на ДУИ Артан Груби беше ставен на црната листа на САД. Јавното обвинителство оформи предмет за Груби и за судијата Беџети кои се најдоа на листата.

Денеска Уставниот суд ја одложи одлуката за уставноста на Законот за употреба на јазиците и реши да одржи подготвителна седница за консултации со странски експерти. Подготвителната седница треба да се одржи најдоцна во март, додека одлуката се очекува во мај.

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски обвини за политички притисоци и насилство врз судот и рече дека нема да дозволи судот да биде уценуван.

Share This Article