Државниот пазарен инспекторат во голема акција со Управата за јавни приходи и полицијата во Тетово го проверува работењето на тетовските златарници. Повеќето продавници по проширувањето на информацијата дека екипите од УЈП се на терен, беа затворени, известува Алсат ТВ.
„Тeтова Сот“ известува дека деновиве се спроведува акција во тетовски златарници во која се проверува нефактурирано злато и кое нема доказ за откуп.
Во моментов нема други информации, додека се очекува институциите да излезат со соодветно соопштение.