Се проверува кој не ја почитува владината одлука за замрзнати цени

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На Кванташки пазар Скопје во тек се инспекциски надзори на увозници на овошје и зеленчук, како и на сите трговци на лице место. На терен се над 30 инспектори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во координација со тимови Управата за финансиска полиција, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за одземен имот.

– Кај увозниците на овошје и зеленчук се контролира почитување на одлуката на Владата за дистрибуција и продажба на најмалку 70 отсто од количествата што ги испорачувале во јануари и февруари. Се вршат контроли и кај сите други субјекти на Каванташки за регистрирана и нерегистрирана дејност- изјави за МИА директорот на ДПИ Горан Трајковски.

Акцијата, како што најави, ќе трае во тек на целиот ден со што ДПИ ќе излезе со информација за исходот.

Согласно Законот за трговија, казните за увозниците, зависно од нивната големина, доколку се утврди непочитување на владините одлуки, се движат 800  до 10.000 евра, додека за нерегистрирана дејност покрај паричната казна е предвидено и одземање на стоката. 

Share This Article