Глисер со мигранти утрово се преврте кај грчкиот остров Родос, при што загинаа осум лица.
Тамошните власти објавија дека се спасени 18 лица.
Крајбрежната стража соопшти дека инцидентот се случил додека глисерот правел „опасни маневри“ за да го избегне патролниот брод, поради што мигрантите паднале во морето.
Во тек е спасувачка операција во која учествуваат бродови на крајбрежната стража и хеликоптер, бидејќи „не е јасно дали се исчезнати други патници“, соопштија властите.
Родос, еден од неколкуте големи грчки острови лоциран во близина на турскиот брег, се наоѓа на прометна шверцерска рута во источниот Медитеран.