Се преврте брод на реката Нигер, загинаа 76 лица

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во несреќа во југоисточна Нигерија загинаа 76 луѓе кога преполниот брод се преврте на реката Нигер, потврдија нигериските власти.

На бродот што пловел во Нигер и се превртел во петокот имало 85 луѓе, објави претседателот на таа земја Мухамаду Бухари.

Анамбра е една од 29-те држави во Нигерија кои се погодени од силни поплави од почетокот на сезоната на дождови.

„Брод со 85 луѓе се преврте поради поплави и спасувачките служби потврдија 76 загинати“, рече Бухари.

„Се молам за душите на загинатите и за безбедноста на сите други, како и за благосостојбата на членовите на семејствата на жртвите во таа трагична несреќа“, рече нигерискиот претседател.

Несреќите со бродови се чести во Нигерија поради пренатрупаност, преголема брзина, лошо одржување или непочитување на правилата за навигација, наведува АФП.

Од почетокот на сезоната на дождови, повеќе од 300 луѓе загинаа, а најмалку 100.000 останаа без покрив над главата во најголемите поплави со кои Нигерија се соочи од 2012 година.

Share This Article