More

    Се претпоставува дека е на познатиот режисер кој исчезна пред две недели

    spot_img

    Tело без глава и раце, за кое се претпоставува дека му припаѓа на неодамна исчезнатиот ирски филмски режисер Рос Мекдонел (44), беше пронајдено од полицијата на плажата Бризи Поинт во Њујорк, објави „Дејли мејл“.

    Телото е откриено две недели откако Мекдонел исчезнал од својот дом во Њујорк, а неговиот велосипед подоцна бил пронајден на само пет километри од плажата Бризи Поинт.

    Главниот медицински иследник во градот сега се обидува да ја утврди точната причина за смртта. Идентитетот на жртвата нема да биде потврден додека не биде известено семејството, рекле од њујоршката полиција.
    Мекдонел последен пат бил виден во сабота, 4 ноември околу 20:30 часот. Пријател на исчезнатиот режисер, Џин Галерано, за ирските медиуми изјави дека Мекдонел бил на плажа, но дека „влегол во океанот“ пред да се изгуби.

    Мекдонел, кој по потекло е од Даблин, доби Еми награда во 2021 година за неговата работа на серијата „Трговија“. Работел низ целиот свет, вклучително и Авганистан, Украина и Мексико, а беше номиниран за уште една награда Еми во 2018 година како режисер на документарниот филм за Си-Ен-Ен Филмс Елијан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img