Млада жена неочекувано родила дете додека била на летот на KLM од Еквадор до Амстердам минатата недела, објави холандската болница која го примила патникот.Неколку часа пред слетувањето, жената почувствувала болка во стомакот и отишла во тоалет.Таму, по неколку кратки контракции, родила син, рече Спарнсе Гастхуис, додавајќи дека жената тврди дека воопшто не знаела дека е бремена.
Во авионот имало двајца лекари и медицинска сестра од Австрија кои пружиле помош.
Како што соопштија од болницата, мајката на својот син му го дала името по едно од лицата кои и пришле на помош: Максимилијан.
И мајката и синот се добро, соопштија од болницата.Жената ќе го продолжи патувањето до Мадрид, како што првично планирала, откако болницата и ја доставила потребната документација за детето.