Пред една недела светските медиуми објавија дека холивудската актерка Сандра Булок раскинала со долгогодишното момче и дека поради тоа, таа не се појавува во јавноста.
Меѓутоа, вистината е сосема поинаква и многу тажна. Булок доживеа голема трагедија. Нејзиното момче, фотографот Брајан Рендал почина на 5 август, по тригодишна битка со АЛС.
Познатата актерка и фотографот никогаш не се венчале, иако во 2017 година размениле завети на интимна церемонија. Три години подоцна на Брајан му била дијагностицирана оваа болест.
Фотографиите од приватната прослава никогаш не се појавија во јавноста, но сега „Дејли мејл“ објави снимка која растажи многумина низ светот.
На видеото можете да видите кадар од Сандра Булок со нејзиниот покоен дечко додека танцуваат, а тој нежно ја бакнува во глава.
Снимката можете да ја погледнете ТУКА.